Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Американската стопанска комора – Ќе се поттикнува и зајакнува меѓусебната деловна врска

Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Американската стопанска комора – Ќе се поттикнува и зајакнува меѓусебната деловна врска

18 декември 2024, Скопје – Министерството за финансии и Американската стопанска комора, во рамките на својата визија, мисија и цели, заеднички ќе дејствуваат, ќе ги зајакнуваат меѓусебните деловни врски и ќе разменуваат искуства преку Меморандум за соработка, кој денеска беше потпишан од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и извршната директорка на Американската стопанска комора Јелена Арсовска.

„Со Меморандумот се отвора едно ново поглавје во меѓусебната соработка со бизнис-заедницата претставувана од Американската стопанска комора. Министерството за финансии заедно со Комората ќе работат на поттикнување, поддршка и логистика во спроведувањето на соработката од заеднички интерес, организирање работилници, обуки и други форми на доусовршување, размена на искуства, стручно усовршување, како и имплементација на проекти“, рече министерката за финансии.

Меморандумот за соработка отвора значајна можност Американската стопанска комора да даде свој придонес во едукацијата и професионалниот развој на вработените во јавниот сектор преку поддршка на Академијата за јавни финансии. Со оваа иницијатива се поттикнува соработка која ќе овозможи примена на современи знаења, ресурси и експертиза во процесите на обука и развој на капацитетите на јавните институции.

Потпишувањето на Меморандумот е дел од определбата на Министерството за финансии за градење партнерски однос со бизнис-заедницата и создавање предуслови за поголема меѓусебна соработка. Целта е преку Академијата за јавни финансии да се зајакнат капацитетите на државните институции, а можностите што ги нуди да бидат искористени и од приватниот сектор.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност