Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: ММФ го објави извештајот од мисијата за член 4 – Интензивирање на економскиот раст поттикнат од јавните инвестиции

МФ: ММФ го објави извештајот од мисијата за член 4 – Интензивирање на економскиот раст поттикнат од јавните инвестиции

12 мај 2025, Скопје – Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд во завршната изјава за земјава по редовната мисија согласно член 4, објавена неделава, нотира дека јавните инвестиции заедно со домашната побарувачка ќе бидат главен двигател на економскиот раст, кој, според нив, ќе се интензивира и ќе достигне 3,3%.

Во завршната изјава посочуваат дека економскиот раст, и покрај надворешните ризици, ќе се интензивира како резултат на поголемата домашна побарувачка и на забрзаната реализација на јавните инвестициски проекти, вклучително и на проектот за патните коридори 8 и 10д. Потрошувачката, пак, е поддржана со трансфери од Владата и реалниот раст на платите.

Kако што е наведено во извештајот, oд суштинско значење за фискалната консолидација e придржување до фискалните правила и креирање бафери во услови на неизвесност. Тоа, според ММФ, е клучно за одржување на довербата на пазарот, обезбедување пристап до меѓународен капитал, создавање простор за инвестиции и зголемување на отпорноста кон идни шокови.

Меѓу другото, ММФ посочува и на потребата од структурни реформи за зголемување на продуктивноста, надоместување на трошоците на иселување, напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, намалување на неформалната економија, инвестиции во образованието, зголемување на дигитализацијата и сл.

Мисијата на ММФ беше спроведена во периодот од 13 до 25 февруари, а извештајот е подготвен врз основа на прелиминарните наоди објавени по нејзиното завршување. Консултациите по членот 4 се редовни и се спроведуваат еднаш годишно.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност