Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови до крајот на 2028 година

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови до крајот на 2028 година

25 декември 2025, Скопје - Повластената стапка на ДДВ од 5% за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието.

Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата се продолжува од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година.

Согласно постоечкиот Закон, беше предвидено повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови да се применува до 31 декември 2025 година

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност