26 мај 2026, Скопје – Во Собранието денеска беше усвоено законското решение за задолжување на РС Македонија кај пет странски банки во износ од 260 милииони евра, средства наменети за финансирање на буџетски потреби, особено капиталние расходи, како и рефинансирање на доспеани обврски.
Заемот како што беше посочено во образложението на Законот пред пратениците е во согласност со определбите за одржување на макрофискалната стабилност, обезбедување континуирано и непречено финансирање на буџетските потреби, како и активното управување со јавниот долг.
Заемот е обезбеден по поволни и конкуретни услови рокот за отплата на заемот е седум години, со вклучен грејс период од три години и варијабилна каматна стапка која се состои од шестмесечен Еурибор зголемен за маргина од 2,10% и е речиси половина процентен поен пониска од каматата на обврзниците на секундарниот пазар.
Средствата согласно Законот се обезбедени од КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International). По усвојување на Законот ќе се пристапи кон потшишување на договорот за заем.
Обезбедувањето на средствата преку овој заем е во рамки и согласно планираното задолжување на меѓународниот пазар со Буџетот за 2026 година, усвоен во Собранието. Средствата ќе се користат за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот и Законот за извршување на Буџетот за 2026 година.
Имено, во текот на 2026 година државата има за отплата на доспеани стари обврски, по основ на главнина и камати, во износ од 1,56 милијарди евра и дополнително финансирање на дефицитот во Буџетот во износ од 39,2 милијарди денари. За отплата кон странство годинава доспеаваат 893 милиони евра, од кои 700 милиони евра е Еврообврзницата која е издадена во 2020 година и доспеава за отплата во јуни годинава. На домашниот пазар внатрешниот долг изнесува 324,2 милиони евра. Само по основ на камати и на домашниот и на надворешниот пазар треба да се исплатат 346 милиони евра.