9 декември 2025, Скопје – Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија уште два дена, односно денеска и утре.
Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од 2 години и каматна стапка од 4,5% годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Понудите се доставуваат во деловните банки во земјава, а аукцијата ќе се одржи на 12 декември.
Датумот на достасување на обврзниците од оваа емисија е 19 декември 2027 година, а исплатата на каматата за првата година ќе се изврши на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.