Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Водиме кредибилни и конзистентни макроекономски политики, потврден кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед од страна на „Фич“

МФ: Водиме кредибилни и конзистентни макроекономски политики, потврден кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед од страна на „Фич“

26 март 2025, Скопје – РС Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управување во споредба со други земји со слични економски перформанси и посветеноста кон реформите во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ во својот последен извештај и притоа потврди дека земјата го задржа кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Агенцијата нотира дека во 2024 година реалниот раст на БДП достигнал 2,8% и покрај надворешните потешкотии и дека е над проекциите како резултат на силната јавна потрошувачка и инвестициите. „Фич“ очекува растот на економијата во 2026 година да достигне 4%, како резултат на реализацијата на инвестициите на коридорите 8 и 10д. Во извештајот е посочено дека инвестициите остануваат силни, но дека слабиот раст на продуктивноста и неповолните демографски движења претставуваат ограничувачки фактори на растот на среден рок, а притоа се забележани силни приливи на странски директни инвестиции. Странските нето директни инвестиции се највисоки во последните 17 години и тие се искачиле на 7,1% од БДП во 2024 година, и тоа како резултат на високите инвестиции во слободните економски зони. Според „Фич“, невработеноста останува структурно висока поради недостаток на вештини и нерамномерен регионален економски развој. Растот на платите е силен и во периодот 2022 – 2024 година тој изнесувал 13% во просек на годишно ниво и притоа немал негативен ефект врз конкурентноста.

Во извештајот „Фич“ наведува дека во 2024 година бил остварен буџетски дефицит од 4,6% што е помалку од ревидираниот со Ребалансот којшто изнесуваше 4,9%, а тоа се должи на повисоките приходи и недоволното извршување на капиталните расходи. Во 2025 година, „Фич“ не очекува промени кај буџетскиот дефицит заради проектираниот повисок износ на капитални расходи и нормализирањето на расходите за пензии и за социјални фондови. Позитивно влијание врз приходната страна очекува од воспоставувањето на е-фактурата. Агенцијата смета дека грантовите од Планот за раст на Западен Балкан ќе придонесат за намалување на дефицитот на 4% до 2026 година. Според „Фич“, долгот на среден рок ќе надмине ниво од 58% од БДП.

Инфлацијата во 2024 година беше на ниво од 4,2% во просек и според „Фич“ главни двигатели биле силниот раст на платите, зголемената домашна побарувачка и силниот кредитен раст на приватниот сектор.

Кредитниот рејтинг се изготвува врз основа на анализи на политиките што ги спроведува земјата. Тој го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носењето на нивните одлуки.

Кредитниот рејтинг за земјата се изготвува двапати во годината, и тоа од страна на агенциите за кредитен рејтинг „Фич и Стандард и пурс“.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност