Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обука на Академијата за јавни финансии на тема „Доследност и усогласеност на економските политики за подобро буџетско планирање“

Обука на Академијата за јавни финансии на тема „Доследност и усогласеност на економските политики за подобро буџетско планирање“

26 ноември 2024, Скопје – „Доследност и усогласеност на економските политики за подобро буџетско планирање“ беше темата на новата обука што ја организираше Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии со цел јакнење на јавната администрација и унапредување на процесите во јавниот сектор.

Обуката беше наменета за вработени во органите на државната управа коишто се директно вклучени во креирање и координација на политики и во процесот на буџетско планирање. Преку обуката, учесниците добија практични насоки и алатки за поефикасно управување со јавните средства, што е клучен предуслов за унапредување на квалитетот на јавните услуги.

Во рамките на обуката беа презентирани иновативни пристапи за координација и планирање на економските политики, методологии за следење на резултатите, како основа за ефективно донесување одлуки и распределба на буџетските средства, како и добри практики и научени лекции од Европскиот семестар и програмите за економски реформи.

Обуката е дел од Годишната програма за обуки за 2024 година, коишто ги организира Академијата за јавни финансии, а ги водат сертифицирани обучувачи.

Министерството за финансии продолжува да инвестира во континуирана едукација и развој на јавната администрација, притоа создавајќи модерна, професионална и компетентна администрација којашто е двигател на економскиот напредок и која испорачува квалитетни услуги за граѓаните и деловната заедница. Со вакви активности, Министерството се позиционира како лидер во поддршката на стратешките приоритети за одржлив економски развој и унапредување на јавниот сектор.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност