Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Димитриеска-Кочоска – Агелер: Соработката со нашиот стратешки партнер ќе се зајакнува, ни претстои многу работа во спроведување на реформите

Средба Димитриеска-Кочоска – Агелер: Соработката со нашиот стратешки партнер ќе се зајакнува, ни претстои многу работа во спроведување на реформите

1 јули 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Министерството за финансии оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

 

На средбата беше истакнато значењето на поддршка што ја добиваат Министерството за финансии и земјава од САД и дека таа подддршка и соработка ќе се зајакнува.

 

„САД се наш стратешки партнер и ова стратешко партнерство, кое во континуитет се одржува од независноста, ќе продолжи и во иднина. Тоа е значајно и клучно за унапредување на демократските процеси, владеење на правото, економски просперитет и обезбедување поголема стабилност и развој на земјата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

 

Таа додаде дека ни претстои многу работа и дека со силна посветеност ќе се пристапи кон спроведување на реформите коишто се клучни за иднината на нашата земја, а во остварувањето на тие реформи значајна е поддршката од стратешките партнери  како што е САД.

 

На средбата соговорниците се осврнаа и на поддршката што Министерството за финансии ја добива од Трезорот на САД во градење на капацитетите на институцијата, обезбедување стабилност во јавните финансии и фискална

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност