Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ – Унапредување на економската соработка и зајакнување на координацијата во борбата со недозволената трговија со тутунски производи

Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ – Унапредување на економската соработка и зајакнување на координацијата во борбата со недозволената трговија со тутунски производи

 Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Подгорица на министерски состанок за елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун, оствари средба со својот црногорски колега Новица Вуковиќ, којшто е и домаќин на состанокот.

На средбата двајцата соговорници се осврнаа на искористувањето на можностите за унапредување на економската соработка и за меѓусебна размена на искуства во делот на управувањето со јавните финансии, како и на можностите за соработка во процесот на евроинтеграција и за вклучување во заеднички проекти.

Исто така, во контекст на министерскиот состанок заклучија дека штетите врз Буџетот од недозволеното тргување со тутун се големи и дека е потребна многу поголема соработка и координација во сузбивањето на оваа појава.

Министерката посочи дека во рамки на Царинската управа се преземаат мерки за борба против нелегалната трговија со тутун и тутунски производи и дека во текот на 2024 година биле откриени и спречени 50 случаи на шверц со цигари. Најчесто, како што наведе, се криумчарат на излезот од државата, преку Меѓународниот аеродром Скопје кон западноевропските држави, а на влезот во државата се криумчарат цигари без акцизни маркички купени од фри-шоповите на граничните премини Богородица, Дојран и Меџитлија.

Министерката зема учество на министерски состанок во Подгорица, во организација на Министерството за финансии на Црна Гора, а во соработка со Секретаријатот за Рамковната конвенција на Светската здравствена организација за контрола на тутунот и Регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност