EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра за поддршка на домашните компании, компаниите ги препознаваат поволностите за реализација на своите инвестиции

Министерство за финансии Министерство за финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Развојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании.


Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки.


Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност.


„Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил.

Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност