EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на Регионална конференција на сметководители – Сметководство со примена на меѓународни стандарди за поголема конкурентност на компаниите и развој на економијата

Димитриеска-Кочоска на Регионална конференција на сметководители – Сметководство со примена на меѓународни стандарди за поголема конкурентност на компаниите и развој на економијата

Министерството за финансии во соработка со Институтот на сметководители и овластени сметководители работат активно на унапредување на сметководствената професија и нејзино издигнување на повисоко ниво. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која се обрати на Втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија.

 

„Стручноста, професионалноста и одговорноста на професијата сметководител е клучната алатка во анализата на сите податоци коишто се основа за донесување на прави деловни одлуки. Професионалниот и одговорен сметководител има исклучително значајна улога во составувањето и потпишувањето на годишната сметка, финансиските извештаи и даночните пријави кои ја имаат клучната улога за државата. Оттука  важна улога има Институтот на сметководители и овластени сметководители  во унапредување и издигнување на сметководствената професија и градење сметководство со примена на прифатени стандарди во развиените земји кои пак влијаат на конкурентноста на домашните компании и можност за соработка со компаниите на глобално ниво“, рече министерката и упати на значењето на сметководителите кои се финансискиот крвоток на компанијата и дека нивните вештини носат до развој на компаниите и развој на целокупната економија.

 

Таа посочи дека се работи на нов Закон за сметководство кој е во линија со барањата на европското законодавство, односно Директивата за корпоративно известување за одржливост и добрите меѓународни практики и стандарди, како и на примена  ESG (Environmental, Social, Governance) стандардите, односно животна средина, општествена одговорност и управување кои претставуваат темел за градење на одржлив бизнис, кои стануваат се поактуелни.

 

Конференцијата се одржа во Скопје во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност