26 ноември 2025, Скопје – Министерството за финансии денеска го објави Проспектот за издавање нова емисија на граѓански обрзници. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година.
Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ што може да се запише од страна на граѓаните. Купонската каматна стапка изнесува 4,5%, а рочноста на обврзницата е 2 години.
Аукцијата ќе се одржи на 12 декември. Понудите се доставуваат во деловните банки во земјава.
Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.
Ова е трета емисија на граѓанска обврзница којашто ја издава Министерството за финансии. Двете емисии беа во вкупен износ од 41,1 милион евра и веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра.
Линк до проепектот: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/prospekt-aukcija-na-drzavni-xartii-od-vrednost-file-7X1J.pdf