9 јули 2025, Скопје – Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување интерес за финансирање на пректот за брзата пруга долж Коридорот 10.
Во наредниот период, Министерството за финансии ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга.
Имено, Министерството за финансии достави писмо за барање интерес до 24 финансиски институции. Рокот за одговор беше 7 јули 2025 година. За реализација на проктот беа побарани 1,91 милијарда евра.
Министерството го испрати барањето за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и комерцијални банки врз основа на Заклучок на Владата. Заедно со барањето, Министерството испрати до меѓународните финансиски институции и банките и образложение за проектот подготвено од страна на Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое беше разгледано и од страна на Владата.