Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Усвоена нова Стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава – се зајакнува законската, институционалната и оперативната рамка за откривање и борба против измами во користењето на ЕУ фондовите

МФ: Усвоена нова Стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси  на ЕУ во земјава – се зајакнува законската, институционалната и оперативната рамка за откривање и борба против измами во користењето на ЕУ фондовите

14 jули 2026, Скопје – Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава за период 2026-2030 година.
Стратегијата е подготвена согласно преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамки на Поглавјето 32 - Финансиска контрола, кое опфаќа: јавна внатрешна финансиска контрола, надворешна ревизија, заштита на финансиските интереси на ЕУ и заштита на еврото од фалсификување и има за цел да придонесе за подобрување на дисциплината и транспарентноста во користењето на јавните средства (национални средства и средства од ЕУ), но и за обезбедување заштита на финансиските интереси на ЕУ во РСМ.

Стратегијата е подготвена по партиципативен пристап на Oдделение за координација на борба против измами на ЕУ средствата (АФКОС одделението) при Министерството за финансии со вклучување на сите засегнати страни и меѓусекторска координација и соработка со институциите кои се дел од Институционална мрежа за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата (АФКОС мрежата), органите и структурите во системот за управување и контрола со средствата од Европската Унија и Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската унија во РС Македонија 2026-2030 година значи спроведување реформа во  приоритетните области кои се однесуваат на превенција од неправилности и измами, откривање на неправилности и случаи на сомнежи за измами, истрага и гонење на измами и поврат на средства и санкции. Преку спроведување на Стратегијата се очекува зајакнување на превенцијата од неправилности и измами и воспоставување ефективни и сразмерни мерки против измами, подобрување на алатките и техниките за откривање на неправилности и измами, обезбедување навремена истрага и соодветен третман на пријавените случаи на сомнежи за измами, како и зајакнување на капацитетот за обезбедување сразмерни и одвраќачки казни, соодветни финансиски корекции и дестимулирање во случај на неправилности и измами.

Националната стратегија за борба против измами го промовира мотото „нулта толеранција за измама“  при спроведување на програмите на ЕУ. Националната стратегија за борба против измама првпат е донесена во 2019 година со цел подобрување на законската, институционалната и оперативната рамка во превенцијата, откривањето и борбата против неправилностите и измамите при имплементацијата на ЕУ фондовите.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност