Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски: Одржливото финансирање на биолошката разновидност е инвестиција во иднината

Јанкуловски: Одржливото финансирање на биолошката разновидност е инвестиција во иднината
15 октомври 2026, Скопје - Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, учествуваше на работилницата за валидација на резултатите од иницијативата BIOFIN – Финансии за биодиверзитет, организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање.
 
Во фокусот на работилницата беа анализата на постојните расходи за биолошката разновидност, проценката на финансиските потреби и подготовката на Националниот план за финансирање на биолошката разновидност.
 
Јанкуловски го истакна значењето на поврзувањето на политиките за заштита на животната средина со буџетското планирање, ефикасното користење на јавните средства и обезбедувањето одржливи извори на финансирање.
 
„Заштитата на природата е инвестиција во иднината. Преку одговорно управување со јавните финансии, ефикасно користење на ресурсите и зајакната институционална соработка создаваме услови за одржливо финансирање и зачувување на природното богатство“, истакна Јанкуловски.
 
Министерството за финансии останува посветено на унапредување на буџетското планирање и меѓуинституционалната соработка во насока на интегрирање на приоритетите за заштита на биолошката разновидност во јавните политики и финансиските процеси.
 
На настанот се обратија и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан. На работилницата учествуваше и специјалниот советник на претседателот на Владата, проф. д-р Даме Димитриевски.
Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност