Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски: Поврзувањето на стратешките политики со буџетското планирање е клучно за ефикасно управување со јавните финансии

Јанкуловски: Поврзувањето на стратешките политики со буџетското планирање е клучно за ефикасно управување со јавните финансии
15 октомври 2026, Скопје - Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, учествуваше на работилница организирана во рамки на програмата СИГМА, заедничка иницијатива на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Европската Унија, посветена на унапредување на поврзаноста меѓу стратешкото планирање, креирањето политики и буџетскиот процес.
 
Во своето обраќање, Јанкуловски го истакна значењето на усогласувањето на стратешките приоритети со расположливите буџетски ресурси, како предуслов за поефикасно спроведување на јавните политики и постигнување конкретни развојни резултати.
 
Тој се осврна на реформите што ги спроведува Министерството за финансии, со посебен акцент на унапредувањето на програмското буџетирање, воведувањето мерливи показатели за успешност и воспоставувањето на Интегрираниот информациски систем за управување со јавните финансии (ИФМИС).
 
„Буџетот не е само преглед на приходи и расходи, туку инструмент за реализација на развојните приоритети. Нашата цел е секој буџетски денар да биде поврзан со јасни цели, мерливи резултати и поголема отчетност кон граѓаните“, истакна Јанкуловски.
 
Тој нагласи дека реформите во управувањето со јавните финансии се насочени кон зајакнување на фискалната дисциплина, транспарентноста и ефикасноста на јавната потрошувачка, во согласност со европските стандарди и добрите меѓународни практики.
 
Министерството за финансии продолжува со спроведување на реформските активности за воспоставување современ, интегриран и резултатски ориентиран систем на управување со јавните финансии.
Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност