Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски: Задолжувањето е во рамки на планираното - сервисираме стари обврски, но приоритет се и инвестициите

Јанкуловски: Задолжувањето е во рамки на планираното - сервисираме стари обврски, но приоритет се и инвестициите

30 мај 2026, Скопје - Заменик-министерот за финансии Никоче Јанкуловски во гостување на ТВ 21, потенцираше дека задолжувањата што се реализирани се направени на транспарентен начин и планирани уште при донесувањето на Буџетот за 2026 година.

Тој појасни дека на странскиот пазар беше планирано задолжување од 1,3 милијарди евра согласно Буџетот за 2026 година, што се реализираше во јануари со издавањето на еврообврзницата од 1 милијарда евра, со заемот од странските банки од 260 милиони евра и 35 милиони евра согласно Реформската агенда и Планот за раст

Јанкуловски потенцираше дека со средствата обезбедени од еврообврзницата, 700 милиони евра се за раздолжување на Еврообврзница којашто е издадена во 2020 година. Половина од износот е веќе сервисиран и дека во јуни ќе се врати вториот дел. При тоа наведе дека со предвремената отплата се направени заштеди од 3,2 милиони евра. Останатите средства од 300 милиони од издадената еврообврзница и новото задолжување, како што посочи, е наменето за сервисирање на општи буџетски потреби, за покривање на буџетскиот дефицит, инфраструктурни проекти, за капитални инвестиции, како и сервисирање на обврски преземени од претходната влада. 

„Ова задолжување е во рамки на превидената рамка и нема ништо спорно во истото. Како Влада и Министерство за финансии ова сме го зацртале во финансиската рамка уште во декември 2025 година", наведе заменик-министерот. 

Јанкуловски потенцираше дека од една страна има наследени голем број обврски коишто треба да се сервисираат, а од друга страна да се финансираат капитални инвестиции и истовремено да се обезбеди раст на платите, субвенции и слично.

Во интервјуто истакна дека буџетот е ликвиден и дека редовно се сервисираат обврските. Посочи дека во тек е подготовката на ребалансот на Буџетот, којшто се очекува до средината на јуни да биде доставен во Владата, а потоа и во Собранието. Со ребалансот, како што наведе, не очекува отстапувања кај буџетскиот дефицит.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност