Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работен состанок на државниот секретар Матлиоска и директорите на УФР и УФП со амбасадорката Гелева - Зајакнување на соработката со мониторинг телата на СЕ

Работен состанок на државниот секретар Матлиоска и директорите на УФР и УФП со амбасадорката Гелева -  Зајакнување на соработката со мониторинг телата на СЕ
28 мај 2026, Скопје - Во рамките на работната посета на Стразбур, по повод одржувањето на 71-та Пленарна седница на Комитетот на експерти за евалуација на мерките против перење пари и финансирање тероризам – MONEYVAL, во организација на Советот на Европа, македонската делегација  составена од државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска, директорот на Управата за финансиско разузнавање Кујтим Ибиши и директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, оствари работен состанок со амбасадорката Светлана Гелева.
 
На средбата се разговараше за клучните предизвици, напредокот и тековните реформи кои нашата земја ги спроведува за усогласување со највисоките европски стандарди. Посебен акцент беше ставен на соработката со мониторинг телата на Советот на Европа, пред сè во делот на зајакнување на владеењето на правото, заштитата на човековите права и борбата против финансискиот криминал во рамките на препораките од MONEYVAL.
 
На средбата беше заклучено дека континуираната поддршка од нашата Постојана мисија во Стразбур е од клучно значење за успешна презентација на државните постигнувања пред меѓународните партнери и РС Македонија останува сојузник во глобалните и европските напори за градење силни, транспарентни и отпорни институции.
 
Посетата на Стразбур ја потврдува стратешка определба на РС Македонија за имплементација на сите преземени меѓународни обврски и усогласување со регулативи на Советот на Европа, со силна дипломатска поддршка  и лидерство во процесите од страна на Постојаната мисија на нашата земја при Советот на Европа.
 
Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност