Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Програма на економски реформи

Програма на економски реформи

Програма за економски реформи 2026-2028

 

Имајќи го предвид новиот Водич на ЕУ, Програмата на економски реформи за периодот 2026-2028 година дава преглед на среднорочната макроекономска и фискална рамка и монетарна политика, преглед на степенот на спроведени Заеднички заклучоци со препораки за фискалната и монетарната политика од одржаниот Економско-финансиски дијалог со ЕУ во мај 2025 година, како и проценка на потенцијалното влијание на избрани реформски мерки од Реформската агенда врз економијата на земјата.

Подготовката на ПЕР на ниво на Влада е координирана од страна на Министерството за финансии, а се доставува до ЕК по нејзино усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија, најдоцна до 15 јануари.

По доставување на ПЕР до ЕК, истата се оценува преку оценски мисии од страна на ЕК, ЕЦБ и Еуростат. Потоа започнува Економско-финансискиот дијалог во рамките на Советот на ЕУ. Дијалогот започнува со дискусија на техничко ниво во рамки на подготвителните комитети на Советот (ЕФЦ-А, ЕПЦ и ЕМЦО) и завршува со министерски состанок на маргините на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) со учество министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите – кандидати, и на министрите на тековното и двете последователни претседателства на Советот. Процесот завршува со донесување заеднички заклучоци врз основа на оценката на ПЕР и се даваат препораки за подобрување на макроекономската политика на земјата, управувањето со јавните финансии и квалитетот на структурните реформи (т.н. “Policy guidance” – „Насоки за политиките“). Земјите кандидати при подготовка на наредната ПЕР се должни да известат за степенот на спроведување на препораките во минатата година, а во насока на исполнување на економските критериуми за пристап во ЕУ - постоење на функционална пазарна економија и способност за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во Унијата.

При подготовка на ПЕР 2026-2028 земени се предвид следните документи:

 

Повеќе информации за Европскиот семестар и Економско управување од аспект на исполнување на Копенхагенските критериуми има на следниве веб страници:

https://ec.europa.eu/info/business-economy-euro/economic-and-fiscal-policy-coordination/eu-economic-governance-monitoring-prevention-correction/european-semester_en 

и

https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/enlargement-policy/enhanced-eu-engagement-western-balkans_en

Сите досегашни програми на економски реформи и претпристапни економски програми од Министерството за Финансии на Република Северна Македонија може да ги симнете тука.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност