Историски осврт на формирањето на Секторот за трезор
Зборот „трезор” има повеќе значења и тоа метален орман (каса) каде се чуваат пари, хартии од вредност, накит и сл. Исто така зборот „трезор“ има заначење на посебна просторија во банките и други институции во кои се сместени сефови и каси осигурани од кражби и пожар.

Првиот трезор e формиран во САД со акт на Конгресот во 1789 година (United States Department of the Treasury, n.d.).
Секторот за трезор во Македонија започнува со функционирање во 2002 година со реформите на Заводот за платен промет, Трезорот се формира со улога за организација на платниот промет на државните институции. Кај стопанските субјекти организацијата на платниот промет ја превземаат деловните банки.
Во 2004 година во рамките на трезорот се интегрираат и социјалните фондови (Фондот за ПИО, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување).
Од 2005 година во рамките на трезорскиот систем се вклучуваат и општините.
Во 2013 година се прави и надградба на трезорскиот систем со веб платформа е-обврски (платформа за евидентирање на превземените обврски на буџетските корисници).
2. Законска и подзаконска рамка за спроведување на надлежностите на Секторот за трезор
- Закон за буџети,
- Закон за извршување на буџетите,
- Упатството за начинот за трезорско работење,
- Упатство за начинот за евидентирање, распоредување, поврат и пренасочување на јавни приходи,
- Правилник за класификација на приходите,
- Правилник за класификација на расходите.
3.Надлежности на Секторот за трезор
Сектор за трезор е организациона единица во рамките на Министерството за финансии.
Сектор за трезор ги врши работите што се однесуваат на трезорското работење, односно водење на регистар на буџетски корисници, отворање и затворање на сметки на Трезорската сметка и навремено ажурирање на сите промени во Регистарот на сметки на буџетските корисници, изготвување на проекции за приливи и одливи, следење на реализацијата и отстапувањата помеѓу проектираните и рализираните вредности, прием, обработка и евидентирање на барањата на корисниците за денарски и девизни плаќања, евидентирање на јавните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија и единиците на локалната самоуиправа и нивна распределба по корисници согласно со утврдени критериуми, водење сметководство со наналитичка и синтетичка евиденција на приходите и расходите на Буџетот според утврдениот контен план, подготвување на дневни, месечни и годишни извештаи за остварувањето на приходите и за извршувањето на расходите на Буџетот на Република Северна Македонија, за приходите и расходите на посебните сметки на буџетските корисници и единки корисници, за приходите и расходите на наменските сметки и за салдата на сметките во рамки на Трезорската сметка, изготвување на прописи и процедури од областа на трезорското работење.
4.Организациона структура на Секторот за трезор
Во Секторот за трезор се формирани следните одделенија :
- Одделение за водење регистар на сметки на буџетските корисниции финансиски планови,
- Одделение за проектирање и управување со ликвидност,
- Одделение за извршување на буџетите,
- Одделение за евидентирање на јавните приходи,
- Одделение за буџетско сметководство,
- Одделение за фискална статистика и анализа,
- Одделение за регионално трезорско работење.
5.Регистар на буџетски корисници сметки
Во трезорот постои и т.н. регистар на буџетски корисници во кој се вклучени околу 1300 буџетски корисници од кои :
- 97 - буџетски корисници од прва линија,
- 81 - општина,
- 1100 - буџетски корисници од втора линија (на централно и локално ниво).
6. Класификација на сметки во рамките на трезорската сметка
- 630,637,603,631- сметки на основен буџет;
- 660 - сметки на буџет на фондови;
- 785 - сметки на буџет на донации;
- 786 - сметки на буџет на заеми;
- 787 и 788 - сметки на буџет од самофинансирачки активности;
- 930 - сметки на приходи на буџет на дотации;
- 937 и 903 - сметки на расходи на буџет на дотации;
- 840,841,843 и 845 - уплатни сметки;
- 784 - сметки на самопридонес на општина;
- 696 - депозитни сметки;
- 661 - сметки на подрачните фондови;
- 889 - преодни сметки;
- 697 и 789 - наменски сметки;
- други типови на сметки.
Во рамките на трезорската сметка има отворено околу 6.000 сметки на буџетските корисници.
Буџетските корисници во зависност од потребите може да имаат , може да имаат повеќе сметки.
За отворање, промена и затворање на сметки, како и овластување за користење на сметките секој буџетски корисник ја доставува до Секторот за трезор потребната документација, како и картони на депонирани потписи со дадени овластувања за потпис согласно Упатството за начинот за трезорско работење.
7.Управување со финансиски планови
Буџетот (по единки буџетски корисници) на ниво на држава усвоен во Собранието во иста форма се вчитува во Трезорскиот систем.
Буџетските корисници од центарлна власт за да можат да ги користат средствата во рок од 25 дена од денот на донесување на Буџетот, до Трезорот доставуваат годишен финансиски план по квартали согласно Законот за извршување на буџетот . Исто така буџетските корисници најдоцна 5 дена пред почетокот на кварталот доставуваат и квартален план по месеци.
Кварталниот план треба да се совпаѓа со годишниот план по сметки, по потпограми и по расходни ставки за дадениот квартал.
Годишниот, кварталниот и месечниот план се дел од системската контрола на трезорскиот систем во процесот на извршување на налозите за плаќање.
Финансиските планови имаат своја намена и во планирањето на ликвидноста на трезорската сметка.
8. Извршување на буџетите
Секој Буџетскиот корисник е одговорен за извршување на сопствениот буџет.
Една од основните задачи на Сектор за трезор е да овозможи извршување на барањата за плаќања од буџетските корисници на централно и локално ниво.
Платниот промет се врши во реално време преку единствената трезорска сметка која се наоѓа во Народна банка.
Буџетските корисници ги доставуваат барањата за плаќања до Сектор за трезор, односно до регионалните трезорски канцеларии (Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Прилеп, Битола, Куманово, Штип, Кавадарци, Велес, Делчево, Кочани, Струмица и Гевгелија) кои го покриваат реонот каде се наоѓаат.
Буџетските корисници за извршување на плаќањата користат обрасци барања за плаќања.
9.Видови барања за плаќања
- 60 - безготовинско плаќање кон сметки надвор од Трезорската сметка;
- 70 - плаќање во рамки на трезорската сметка (плаќање на даноци, придонеси и други јавни давачки на буџетските корисници, за плаќање меѓу буџетските корисници и меѓу сметки од ист корисник;
- 80 - барање за плаќање за подигнување на готовина;
- 73 - барање за безготовински поврат и пренос на средства (се користи за поврат на повеќе, на погрешно или на уплатени средства без правен основ од сметките на буџетските корисници, од уплатните сметки и од други сметки во рамките на трезорската сметка, кон сметки во и надвор од трезорската сметка, како и на пренос на средства помеѓу сметки во рамки на трезорска сметка,
- 78 - барање за пренасочување на јавни приходи помеѓу уплатните сметки и за распределба на сметки на буџетските корисници во рамки на трезорската сметка;
- 76 - барање за плаќање помеѓу Трезорот и Трезорот на Фондот (се користи за плаќање од сметки на буџетските корисници или од уплатните сметки отворени во рамки на трезорската сметка кон јавните здравствени установи отворени во рамките на здравствената трезорска сметка и обратно.
10.Контрола при извршување на буџети
• Во трезорските канцеларии се врши контрола на барањата за плаќање од формален аспект (дали се уредно и правилно пополнети сите елементи во барањето за плаќање, дали се потпишани и заверени од овластени лица и сл).
• Трезорот врши системска проверка дали барањата за плаќања се во согласност со годишниот буџет на буџетскиот корисник, кумулативниот план, реализацијата (намалена за иносот на пријавените преземени обврски за тековната година) и расположивото салдо на сметките.
• Одобрените барања за плаќање од сметките на буџетските корисници кон сметки надвор од трезорската сметка, Трезорот ги доставува во посебен формат по електронски пат до Народната банка заради нивно извршување.
• На буџетските корисници на дневна основа достапни им се изводи за прометот и состојбата на своите сметки заради следење и евидентирање на промените на истите, како и на уплатните сметки за кои се надлежни, во писмена форма од трезорските канцеларии, преку веб апликација или по електронски пат од Трезорот.
Душко Тасев,
Дипломиран економист на Економскиот факултет Свети Кирил и и Методиј во 1993 година.
Од 2000 година во Министерството за финансии до 2007 година во Одделението за финансиско-сметководствени работи.
Од 2007 година до 2009 година во канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија,
Од 2009 година во Министерството за финансии и тоа во Секторот за финансиски прашања како помошник, а подоцна како раководител на сектор. Од 2021 година со работно место во Сектор за трезор како помошник раководител на сектор.
Учествувал на преку дваесетина обуки во земјата и странство во делот на финасиско-сметководственото работење, јавната внатрешна финансиска контрола и трезорското работење.