Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за финансии организираше обука на тема „Трезорско работење“

Министерство за финансии Министерство за финансии

18 јуни 2025, Скопје – Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии реализираше обука на тема „Трезорско работење“, наменета за вработените во органите на државната управа кои работат во организациските единици за финансиски прашања.

Целта на обуката беше учесниците да стекнат знаења за функционирањето на трезорскиот систем, неговата улога во управувањето со буџетските средства, како и за клучните процеси поврзани со ликвидноста и буџетската контрола.

Содржината на обуката беше приспособена на потребите на учесниците, со посебен акцент на практични примери и реални ситуации од секојдневната работа. Учесниците имаа можност за директна интеракција со експерти од Секторот за трезор при Министерството за финансии, кои обезбедија стручни насоки, појаснувања и одговори на прашања од практиката. Ваквиот интерактивен пристап овозможи продуктивна размена на искуства и унапредено разбирање на законската и институционалната рамка.

Министерството за финансии останува посветено на градењето на модерна, компетентна и ефикасна јавна администрација. Преку Академијата за јавни финансии се обезбедува континуирана едукација и професионална надградба на кадарот во јавниот сектор, со крајна цел – одговорно, транспарентно и ефективно управување со јавните финансии.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност