Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Законот за буџети и новите реформи тема на новата обука на Академијата за јавни финансии на МФ

Законот за буџети и новите реформи тема на новата обука на Академијата за јавни финансии на МФ

14 мај 2025, Скопје – Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии спроведе нова обука на тема: „Закон за буџети – новите реформи“, којашто беше наменета за вработените во органите на државната управа коишто  работат во организациските единици за финансиски прашања.

Преку презентации, практични примери и студии на случаи вработени од Секторот за буџети и фондови при Министерството за финансии ги претставија целите на Законот, новините коишто произлегуваат од него – со посебен акцент на фискалната стратегија и среднорочно планирање, како и предизвиците што се очекуваат при неговата имплементација.

Целта на обуката беше да се унапредат знаењата на учесниците и да се даде јасен преглед на тоа како новите законски одредби ќе придонесат за зголемена ефикасност, ефективност и транспарентност во управувањето со јавните финансии. Очекуваните резултати се подобро планирање, управување и извршување на јавните приходи и расходи, како и засилена фискална транспарентност и отчетност.

Министерството за финансии преку Академијата за јавни финансии продолжува со активнсоти за континуирана едукација на јавната администрација на воведување современи и иновативни пристапи во управувањето со јавните финансии, како и на развивање на култура на извонредност во јавниот сектор.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност