Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока

Димитриеска-Кочоска: Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока

18 ноември 2025, Скопје – Есенските економски проекции на Европската комисија што беа објавени вчера се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.   

Во објава на Фејсбук, таа наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите економски политики.

Како што стои во објавата, во Извештајот е нотирано дека во првата половина од годината растот на БДП беше повисок од очекуваното, поддржан од инвестиции, приватна потрошувачка и подобрени извозни перформанси. Инвестициите во инфраструктурата и приватниот сектор се позиционираат како двигатели на растот во следните години, а стабилизирањето на инфлацијата дополнително ја зајакнува економската предвидливост. Паралелно, реализацијата на големите инфраструктурни проекти и спроведувањето на реформите од Планот за раст за Западен Балкан на ЕУ ќе имаат поголем придонес за уште побрз развој.

Како што пишува министерката, ова се позитивни сигнали од ЕК коишто се силен поттик да продолжиме со одговорни политики што ја зајакнуваат економијата и го подобруваат животниот стандард на граѓаните.

Како Влада и како Министерство за финансии, остануваме посветени на стабилни јавни финансии, фокусирани инвестиции и реформи што го забрзуваат економскиот развој“, истакнува министерката.

Имено, во Есенскиот извештај на ЕК проекцијата за економски раст за 2025 година изнесува 3,2% и истата е зголемена за 0,2 п.п. во однос на претходниот извештај. Исто така, проекцијата за 2026 година е ревидирана во нагорна насока, односно истата е зголемена на 3,3%, а за 2027 година е предвиден раст од 3,3%.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност