Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Барањата на судството го надминуваат законскиот лимит – рационално планирање на средствата е неопходно

Димитриеска-Кочоска: Барањата на судството го надминуваат законскиот лимит – рационално планирање на средствата е неопходно

15 ноември 2025, Скопје  Буџетот за судството за следната година е планиран рационално, во рамки на законските лимити и во контекст на фискалната консолидација, а во моментот се прават анализи за процентот од буџетот што му следува во судството согласно европските практики, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

 „Во 2025 година, буџетот за судството изнесуваше 2 милијарди 858 милиони денари, а со ребалансот изнесува 2 милијарди 748 милиони денари. За следната година, буџетот е предвиден на истото ниво, додека нивното барање беше 5 милијарди 229 милиони денари. Важно е да се напомене дека секој буџетски корисник, согласно Законот за буџети, добива лимит од Министерството за финансии во рамките на кој треба да ги планира своите расходи. За судството, лимитот бил 2 милијарди 995 милиони денари“, изјави министерката.

 Во однос на платите, министерката нагласи дека за 2025 година за плати за судството се предвидени 2 милијарди 334 милиони денари, додека во барањата за новиот буџет тие изнесувале 3 милијарди 751 милион денари – односно речиси 1 милијарда 400 милиони денари повеќе од сегашното ниво.

„Во услови на фискална консолидација, кога претходно се трошело повеќе од дозволеното, сега е неопходно државата да се постави на правилен пат и да се постигне буџетски дефицит од 3% за следната година. Иста е ситуацијата и со Основното јавно обвинителство и со Народниот правобранител – за секој од нив можеме да ги наведеме лимитите, барањата и разликите во однос на износите“, кажа министерката и потенцираше дека мора внимателно да се провери од што точно ќе се пресметува овој процент. 

„Не е доволно да се каже „0,3, 0,4 или 0,8 проценти“ – треба да знаеме од кои приходи или средства произлегува. Во моментов вршиме детални анализи за да го утврдиме точниот процент од буџетот што ќе му следува на судството и обвинителството. Нашата цел е рационално користење на средствата и транспарентно планирање во рамки на законските лимити“, заклучи Димитриеска-Кочоска.

 

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност