Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Министерството за финансии е силно посветено на напорите за фискална консолидација, којашто е дефинирана со Фискалната стратегија за периодот 2025 – 2029 година. Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок за  2,5 милијарди денари од проектираниот со ребалансот на Буџетот, односно тој беше на ниво од 4,4% од БДП наместо проектираното ниво од 4,9%. На крајот на 2024 година јавниот долг беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од јануари 2025 година, по успешно реализираната отплата на еврообврзницата издадена во 2018 година, тој е под 60% од БДП, односно 58,4% од БДП.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која се обрати на отворањето на Конференцијата за фискално управување на ЕУ и  улогата на Фискалниот совет во организација на Фискалниот совет.

Таа додаде дека со Буџетот за 2025 година трендот на фискална консолидација продолжува и дека патоказот за постигнување фискална консолидација е Законот за буџети со кој се утврдени и фискални правила.

Притоа, министерката потсети дека во 2024 година отстапувањето од фискалните правила произлегува од недоволно обезбедени средства за обврски кои биле преземени од претходната Влада, како и од доспеани и неплатени обврски  кои беа сервисирани преку ребалансот на Буџетот.

„Во 2025 година, отстапувањето од ова правило е во функција на развојот и реализација на инвестициите, како што се коридорите 8 и 10 (0,8% од БДП), локални инфаструктурни проекти (0,6% од БДП) и инвестиции во одбраната (0,5% од БДП)“, истакна министерката.

Таа потенцира дека се работи на реформите во јавните финансии, па во таа насока се  донесени повеќе подзаконски акти, покрај Законот за буџети, а дека во спроведувањето на тие реформи важна улога има и Фискалниот совет, со кој е воспоставена континуирана соработка. Фискалниот совет, како независна институција, обезбедува независни и професионални анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки, фискалната стратегија, Буџетот, извештаите за реализација на Буџетот, фискалните ризици и сл. кои  придонесуваат при креирањето на политиките.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност