Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски: Холокаустот – потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата

Јанкуловски: Холокаустот – потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата

10 март 2025, Скопје – Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, заедно со заменик-министерот Марјан Ристески и заменик-министерката Викторија Трајков, од името на Владата оддадоа почит на жртвите на холокаустот со полагање свежо цвеќе пред спомениците на депортираните Евреи од Битола и на народната хероина Естреја Овадија Мара.

„Со длабока почит и тага, се сеќаваме на 7144 македонски Евреи кои беа одведени од своите домови и депортирани во логорот Треблинка, каде што нивниот живот беше насилно прекинат. Во срцето на Битола, град со длабоки историски корени и мултикултурно наследство, стоиме обединети во сеќавањето на оваа трагедија, но и решителни да го зачуваме сеќавањето и да пренесеме силна порака за иднината“, истакна заменик-министерот Јанкуловски.

Тој додаде дека холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата и посочи дека Владата останува посветена на борбата против антисемитизмот, говорот на омраза и сите облици на дискриминација.

„Денес не сме тука само да жалиме, туку и да испратиме порака – дека никогаш нема да дозволиме да се повтори таква неправда. Се поклонуваме пред жртвите, но воедно и ги повикуваме сегашните и идните генерации да учат од историјата, да градат општество засновано на мир, разбирање и солидарност. Никогаш да не се повтори“, наведе Јанкуловски.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност