Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: МФ домаќин на Работилница на Програмата за управување со јавнен долг и ризици – Ги зајакнуваме и унапредуваме институционалните капацитети

Димитриеска-Кочоска: МФ домаќин на Работилница на Програмата за управување со јавнен долг и ризици – Ги зајакнуваме и унапредуваме институционалните капацитети

12 јуни 2026, Скопје – Министерството за финансии денеска беше домаќин на региионална работилница за размена на искуства и заемно учење во рамки на Програмата за управување со јавен долг и ризици (GDRM).

Учесниците ги поздрави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, којашто се заблагодари за долгогодишната поддршка на Светска банка и Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи – SECO, преку коишто се спроведува оваа Програма, и истакна дека благодарение на Прогрмата GDRM денес МФ е дел од силна меѓународна мрежа на институции и експерти коишто работат на унапредување на управувањето со јавниот долг и фискалните ризици.

„Република Македонија се приклучи на GDRM програмата во 2016 година и оттогаш, преку заедничка работа и техничка помош, значително ги зајакнавме институционалните капацитети во областа на управувањето со јавниот долг. Особено сме благодарни за поддршката во унапредувањето на законската рамка, модернизацијата на системите за евиденција и следење на јавниот долг, развојот на домашниот пазар на државни хартии од вредност, подготовката на годишните планови за задолжување и зајакнувањето на аналитичките алатки за управување со ризици“, рече министерката.

Потенцирајќи на важноста на фискалните ризици коишто се тема на работилницата, рече дека нашата земја има воспоставени значајни институционални и правни основи за нивно управување.

“Законот за јавен долг и подзаконските акти обезбедуваат јасна рамка за издавање државни гаранции, а Министерството за финансии врши детална анализа на кредитната способност на субјектите кои бараат гаранција преку проценка на нивната ликвидност, солвентност, профитабилност и финансиска одржливост. Но, условените обврски по својата природа се динамични и бараат постојано следење.“, посочи министерката и додаде дека целта е дополнително  унапредување на рамката за Управување со условените обврски преку примена на понапредни методологии за проценка на кредитниот ризик и очекуваните загуби, зајакнување на системите за следење и известување и подобро интегрирање на овие ризици во процесот на управување со јавниот долг и фискалното планирање.

Истакна дека работилницата ќе придонесе кон градење поотпорни јавни финансии, како да ги заштитиме буџетите од неочекувани шокови и како да обезбедиме одржлив економски развој.

„Министерството за финансии останува посветено на понатамошно зајакнување на рамката за управување со фискалните ризици и условените обврски и ќе продолжи тесно да соработува со Светска банка и со меѓународните партнери во остварувањето на оваа цел“, рече министерката. 

Учесниците на работилницата ги поздравија со воведни обраќања и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава Стефано Лазарото и директорката на Канцеларијата на СБ во земјава Карол Межеван.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност