Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

МФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

16 јуни 2026 година, Скопје- Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.
Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност.
Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.
Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност