Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на ЦЕФ Форум: Отпорните институции се гаранција за стабилност, развој и доверба во државата

Димитриеска-Кочоска на ЦЕФ Форум: Отпорните институции се гаранција за стабилност, развој и доверба во државата

22 јуни 2026 година, Скопје- Во услови на глобална неизвесност, брзи промени и сè посложени предизвици, градењето отпорни институции е клучно за обезбедување стабилност, развој и доверба на граѓаните во државата, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на ЦЕФ Форум 2026, кој денеска се одржа во Скопје на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“ во организација на Министерството за финансии и Центарот за извонредност во финансиите (CEF).
“Отпорна институција е институција која има капацитет да се адаптира, да учи и да продолжи да испорачува резултати и во најпредизвикувачки околности. Тоа е институција која располага со јасна визија, компетентно лидерство и професионална администрација“, истакна министерката
Димитриеска-Кочоска.
Таа нагласи дека за Министерството за финансии отпорноста е тесно поврзана со стабилноста и одржливоста на јавните финансии, поради што се спроведуваат реформи насочени кон зајакнување на фискалната дисциплина, подобрување на управувањето со јавните ресурси, зголемување на транспарентноста и понатамошна дигитализација на финансиските процеси.
“Нашата цел е да изградиме систем кој не само што реагира на предизвиците, туку и навремено ги предвидува ризиците и создава политики што обезбедуваат долгорочна стабилност и сигурност за економијата и граѓаните“, истакна министерката.
Министерката се осврна и на формирањето на Академијата за јавни финансии, која треба да прерасне во центар за знаење, иновации и континуиран професионален развој во јавниот сектор, истакнувајќи дека инвестициите во човечкиот капитал и градењето професионална и компетентна администрација остануваат меѓу највисоките приоритети.
“Институциите не се силни поради нивните правила и процедури, туку поради луѓето кои секојдневно работат во нив. Затоа вложувањето во знаење, интегритет и лидерски капацитети е суштински дел од реформската агенда“, додаде таа.
Димитриеска-Кочоска посочи дека современите предизвици не познаваат граници и дека регионалната и меѓународната соработка денес претставуваат неопходност. Во тој контекст, таа ја нагласи улогата на Центарот за извонредност во финансиите (
CEF), кој повеќе од две децении успешно гради заедница на знаење, доверба и соработка меѓу институциите од регионот и пошироко.
“Во време на глобални кризи и брзи технолошки промени, ниеден систем не може да функционира изолирано. Само преку партнерства, размена на искуства и заедничко учење можеме да изградиме институции кои се отпорни и подготвени за иднината“, нагласи министерката.
Пред почетокот на Форумот Министерството за финансии беше домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (CEF), кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на политики од регионот.
На состанокот присуствуваше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој со своето присуство ја потврди важноста на регионалната соработка, размената на знаења и заедничките напори за градење силни, отпорни и ефикасни јавни институции.
На Форумот учествуваа министри, гувернери на централни банки, високи владини претставници и меѓународни експерти, кои разменија искуства и ставови за лидерството во услови на притисок, координацијата во сложени околности и градењето институционални капацитети за справување со идните предизвици.
Настанот претставува значајна регионална платформа за дијалог и соработка, насочена кон унапредување на јавните политики и јакнење на институционалната отпорност во земјите од регионот.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност