Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Партнерството со ИФЦ е значајно за инвестициите, енергетската транзиција и конкурентноста на македонската економија

Димитриеска-Кочоска: Партнерството со ИФЦ е значајно за инвестициите, енергетската транзиција и конкурентноста на македонската економија

16 јуни 2026 година, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ).

Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици, инвестициите, иновациите и силниот приватен сектор остануваат главни двигатели на економскиот раст, продуктивноста и отворањето нови работни места.

"Нашата определба е да поддржиме инвестиции што создаваат поголема додадена вредност, отвораат нови работни места и ја зголемуваат конкурентноста на меѓународните пазари, вклучително преку интеграција во глобалните синџири на вредност“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и стимулативна деловна средина за инвестиции, претприемништво и одржлив развој, при што партнерството со ИФЦ има особено значење, не само од аспект на финансиската поддршка, туку и преку експертизата и преносот на меѓународни практики.

Министерката ја поздрави поддршката на ИФЦ за реализација на крупни инвестициски проекти, вклучително и развојот на ветерниот парк кај Штип, како и инвестициите во индустриската модернизација и декарбонизација, оценувајќи дека тие придонесуваат за отворање нови работни места, трансфер на технологии и зајакнување на конкурентноста на домашната економија.

Димитриеска-Кочоска посочи дека македонската економија бележи раст седум квартали по ред, а последните податоци покажуваат раст на БДП од 3,1 проценти во првото тримесечје од 2026 година, што, како што рече, е потврда дека политиките насочени кон стабилност, инвестиции и поддршка на приватниот сектор даваат конкретни резултати.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност