Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на Конференција на ОН во Севиља: Зеленото финансирање - клуч за одржлив развој

Димитриеска-Кочоска на Конференција на ОН во Севиља: Зеленото финансирање - клуч за одржлив развој

1 јули 2025, СевиљаМинистерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска се обрати на Тркалезна маса на тема “Leveraging private business and finance„ во рамки на 4. Меѓународна конференцијата на  за финансирање и развој (FfD) која што под покровителство на Организацијата на Обединетите нации се одржува во Севиља.

Министерката Димитриеска -Кочоска ја претстави успешната приказна на земјата за унапредување на зелената транзиција преку комбинирано финансирање и стратешки партнерства.

Министерката ја презентираше националната иновација – Механизмот за зелено финансирање (Green Finance Facility – GFF), кој Македонија го воспостави како инструмент за поддршка на мали и средни претпријатија и ранливи домаќинства во инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност.

„GFF не е само финансиски инструмент. Тоа е катализатор на трансформација кој овозможува реални, инклузивни и мерливи промени во заедниците,“ истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

На конференцијата беше подвлечено дека моделот на комбинирано финансирање – преку мобилизација на јавен и приватен капитал, техничка помош и стимулации врз основа на перформанси – ја намалува финансиската неизвесност и овозможува поширок пристап до инвестиции што се климатски паметни и социјално одговорни.

Како што презентираше министерката Димитриеска-Кочоска резултатите од досегашната имплементација се значајни.

„Поддржани се 57 проекти на мали и средни претпријатија со инвестиции над 15,5 милиони долари, кои ќе донесат заштеди на енергија од 17.828 GJ и ќе намалат емисии од речиси 4.000 тони CO₂Поддржани се и 58 ранливи домаќинства, со инвестиции од 370.000 долари, кои резултираат со годишни заштеди од 621 MWh и намалување на емисии од 192 тони CO₂.Дополнително, проектите директно придонесуваат за намалување на аерозагадувањето (PM2.5 и PM10), што значи поздрава животна средина за граѓаните“ кажа министерката на Тркалезната маса.

Во своето обраќање, министерката нагласи дека успехот на GFF е резултат на партнерства со ОН (UN SDG Fund, УНДП, ИОМ, УНЕЦЕ), Европската банка за обнова и развој, како и со мрежа на домашни банки и лизинг-компании.

„Нашата визија за зелена транзиција е праведна, инклузивна и насочена кон најранливите. Никој не смее да биде изоставен“, порача министерката и кажа дека Македонија е посветена на проширување на овој модел и ги повика меѓународните партнери да се приклучат во зголемувањето на неговиот опфат и влијание.

Заедно можеме да мобилизираме капитал, иновации и солидарност неопходни за забрзување на зелената транзиција“кажа министерката.

На крајот, Димитриеска-Кочоска ја потврди силната посветеност на Македонија кон реализацијата на Агендата 2030 и Парискиот договор, нагласувајќи дека глобалната соработка е клучна за изградба на позелен, поправеден и поотпорен свет.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност