Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго – Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија и домашни и странски компании и компании

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго – Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија и домашни и странски компании и компании

22 април 2025, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која е во работна посета на САД, оствари средба со претставници на македонската бизнис заедница во Чикаго.

На својот ФБ профил објави дека на средбата истакнала дека економијата е приоритет на Владата и дека подддршката е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија, како кон домашните, така кон странските инвестиции, како и кон иселениците кои сакаат да инвестираат во својата татковина.

 

„Успешни бизнис приказни на наши иселеници во Чикаго. На средба со дел од Македонците кои основале и имаат сопствен бизнис во Чикаго ги слушнав нивните искуства за водење бизнис во таа средина, а некои имаа интерес за условите коишто ги создаваме тука во Македонија за водење бизнис. Економијата е наш приоритет за кој говорев на средбите и дека поддршката од Владата е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија. Како поддршката кон домашните компании, така кон странските инвеститори, така и кон нашите иселеници кои сакаат да инвестираат во својата татковина“, стои во објавата на министерката на нејзиниот ФБ профил.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност