Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

19 април 2025, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 април ќе престојува во работна посета на САД.

За време на престојот таа, на покана на македонските здруженија во Чикаго, ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора во овој дел од САД, а од 22 април ќе учествува на редовните Пролетни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Во рамки на Пролетните средби, коишто се одржуваат во Вашингтон, таа ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, но и со претставници од Трезорот на САД и од повеќе меѓународни финансиски институции.

На состаноците ќе бидат претставени мерките и политиките на Владата за одржување на макроекономскатa стабилност и реформските процеси за унапредување на управувањето со јавните финансии.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност