6 март 2026, Скопје – Растот на БДП од 3,5% во 2025 година, којшто го објави Државниот завод за статистика не е раст само на Владата, туку тоа е заеднички резултат со приватниот сектор и силната довербата помеѓу двете страни. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната панел дискусија во Владата на тема „Раст на економијата - економска сигурност на граѓаните“.
„Она што е важно е дека македонските компании функционираат во услови на една глобална неизвесност, којашто во сите земји во Европа создава надолни резултати кога станува збор за БДП, па дури имаме и економски партнери коишто влегуваат во минус. За разлика од тоа, нашата економија покажа дека е стабилна, дека е доста жилава и отпорна на сите овие предизвици, којшто се случуваат на глобално ниво“, рече министерката за финансии.
Таа преку бројки посочи на промените што започнаа со доаѓањето на новата власт во 2024 година. При тоа истакна дека просечниот раст на БДП во периодот на претходната Влада изнесувал 1,9%, во првите два квартала на 2024 година 2,3%, додека во следните два квартала од 2024 година по промената на власта растот на БДП достигна 3,6%. Тоа, според министерката, покажува дека со промената на власта економијата очекува позитивни сигнали од Владата и дека тоа се потврдува низ овој период од година и половина..
Министерката додаде дека клучно за постигнување на ваквите резултати е промената на економските текови. Посочи дека повлекувањето на заемот од унгарската Експорт-импорт банка, наменет за приватниот сектор бил земен во вистински момент и дека веќе се повелечени 224 милиони евра кои имаат имаат придонес во одржувањето на економијата и да додадат вредност, остварувајќи ги стапките на раст. Исто така, потсети и на 250 милиони евра од оваа кредитна линија наменети за општините, каде што, исто така, има сериозна реализација. За министерката влијание врз позитивни резултати во растот на БДП има и растот на корпоративните кредити од 15% што покажува на постоење на едно позитивно економско опкружување.
Министерката на панел дискусијата ја истакна важноста дека раст е забележан во сите дејности, иако во најголема додадена вредност имал нето извозот.
Според министерката, Министерството за финансии во изминатите години одело со реални проекции за раст на БДП.
„Две години по ред се случува она што го остваруваме да е над планираното. Тоа ни обезбеди стабилност, фискална консолидација и постепено намалување на буџетскиот дефицит што повторно кажува дека растот на БДП е поттикнат од тоа што државата поддржува инвестиции, но, клучен е и приватниот сектор без кој се невозможни овие резултати. Како резултат на тоа наше внимателно проектирање и внимателно трошење јавниот долг, закулчно со 31.12.2025 година, е 59,3%.
На панел дискусијата учестуваа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.