Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Димитриеска Кочоска – Славески: МФ и НБРМ остануваат посветени на координација помеѓу фискалната и монетарната политика

Средба Димитриеска Кочоска – Славески: МФ и НБРМ остануваат посветени на координација помеѓу фискалната и монетарната политика

март 2026, Скопје – Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на која беа разменети мислења за спроведувањето на фискалната и монетарната политика и за одржување на стабилноста на финансискиот систем. Средбата е дел од континуираната координација помеѓу фискалната и монетарната власт.

Mинистерката се осврна на законската рамка со којашто се регулира работењето на финансискиот систем, посочувајќи дека е важно одржувањето на неговата стабилностдодека гувернерот, од своја страна, посочи на мерките што ги презема монетарната власт.

Димитриеска-Кочоска и Славески се осврнаа и на состојбите на глобално ниво. На средбата беше истакната важноста на континуираната координација помеѓу фискалната и монетарната политика, при што беше заеднички констатирано дека состојбата на домашната економија е стабилна, додека институциите продолжуваат внимателно да ги следат надворешните ризици и нивното потенцијално влијание врз макроекономските индикатори.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност