Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 12. Економски и финансиски дијалог

Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 12. Економски и финансиски дијалог

4 мај 2026,Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и регионалните партнери, земјите од Западен  Балкан, Молдавија, Турција и Украина.

Во рамки на 12-oт Економски и финансиски дијалог ќе се дискутира за економскиот развој, предизвиците и плановите, а ќе се усвојат и препораки за таргетирани политики за секоја земја, коишто треба да се спроведат во наредниот период.  

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог во Брисел ќе се осврне на реформите што ги презема земјата, особено во однос на подобрување на квалитетот на јавните финансии со цел поддршка на економскиот раст, а во услови на пошироката геополитичка клима и висока непредвидливост.

Економскиот и финансиски дијалог претставува годишен дијалог за економска политика. На Економскиот и финансиски дијалог во Брисел учествуваат претставници на земјите членки на ЕУ, претставници на Европската комисија, Европската централна банка,  како и министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност