Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска во „Вин-Вин“: Финансирањето е стабилно, повратот на ДДВ е редовен, а јавните пари се пари на граѓанитe

Димитриеска-Кочоска во „Вин-Вин“: Финансирањето е стабилно, повратот на ДДВ е редовен, а јавните пари се пари на граѓанитe

Буџетот е стабилен, домашниот пазар ја покрива ликвидноста, а државата одговорно ги управува средствата на граѓаните, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во емисијата „Вин-Вин“ на Телма телевизија, одговарајќи на прашањата за повратот на ДДВ, ликвидноста, долгот и јавните финансии.

Работата на министерот за финансии секогаш е деликатен баланс. Од една страна имаме буџетски обврски и постоечки долг кој треба да се сервисира, а од друга – потребата да ги поддржиме граѓаните и компаниите. Но, токму затоа ја водиме фискалната политика одговорно, со јасни приоритети и без импровизации, рече министерката.

Таа изјави дека многу внимателно се настапува со задолжувањето на меѓународните пазари и дека финансирањето на Буџетот во најголем дел е обезбедено преку домашниот пазар, а не преку нова еврообврзница.

Во јануари успешно ја сервисиравме еврообврзницата во износ од 500 милиони евра – средствата беа обезбедени преку надворешно финансирање. Но, остатокот од годината, согласно планот, го затвораме преку домашен пазар затоа што во услови на високи каматни стапки на глобалните пазари, домашното финансирање е поевтино, пофлексибилно и побезбедно. Исто така, преку таков пристап го зајакнуваме домашниот финансиски пазар и ја градиме довербата кон државните хартии од вредност, објасни Димитриеска-Кочоска и воедно потенцираше дека е важно да се разбере дека тоа не е сигнал дека државата нема пристап до меѓународните пазари.

Напротив, но ние преферираме да настапиме на тие пазари во подобар тајминг, со посилна позиција и подобри услови – кога инвеститорите ќе можат да ја препознаат стабилноста и одржливоста на економските политики на новата влада, кажа министерката.

Во врска со коментарите за наводно доцнење на повратот на ДДВ, таа нагласи дека во системот постои прецизна евиденција и дека не постои системски проблем.

Компаниите кои имаат право на поврат и уредно ги доставиле документите, не чекаат. Немаме такви случаи во кои сериозни компании со налог од УЈП чекале 6 или 9 месеци. Ако има поединечен случај, ќе го провериме. Но мора да правиме разлика меѓу реална забелешка и произволна генерализација.

На прашањата околу преносот на дел од добивката на Народната банка во Буџетот, министерката истакна дека тоа не е мешање во независноста туку одговорно користење на јавните средства.

Парите – дали се во Буџетот, во Народната банка или во некое јавно претпријатие – се пари на граѓаните. Ние само управуваме со нив. И ако Народната банка има акумулирана добивка и резерви, не гледам причина тие да не бидат ставени во функција на јавниот интерес. Тоа е фискална одговорност, а не ризик, заклучи Димитриеска-Кочоска.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност