Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на состанокот на работната група посветен на подготовката на студија за регулирање на crowdfunding (групно финансирање), како сè позначаен модел за поддршка на иновативни бизниси и претприемачки идеи.
Таа пред присутните претставници на институции, меѓународни партнери и претставници од бизнис секторот истакна дека crowdfunding претставува дополнителен извор на финансирање, особено важен за малите и средни претпријатија, при што нагласи дека целта е воспоставување јасна и сигурна регулаторна рамка која ќе обезбеди доверба кај сите учесници.
„Преку оваа анализа ќе ги разгледаме европските практики и ќе креираме решение прилагодено на домашниот пазар, со што ќе отвориме нови можности за развој на економијата“, посочи министерката.
По изработката на студијата, Министерството за финансии ќе започне со подготовка на законска регулатива за уредување на оваа област