Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА, значаен исчекор во унапредување на условите за работење и живеење, плаќањата кон ЕУ поевтини и за граѓаните и бизнисот

Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА, значаен исчекор во унапредување на условите за работење и живеење, плаќањата кон ЕУ поевтини и за граѓаните и бизнисот

7 октомври 2025, Скопје — Граѓаните и бизнисите во РС Македонија од денеска ќе ги користат придобивките од приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствена област за плаќања во евра)Европскиот совет за плаќања ги одобри апликациите на 9 домашни банки, кои се подготвени да започнат со извршување плаќања рамките на шемата за кредитни трансфери СЕПА, додека останатите 3 банки се очекува да се приклучат до крајот на годината.

 „Ова значи дека земјава практично станува дел од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската Унија. Од членството во СЕПА се очекуваат бројни придобивки и за граѓаните и за компаниите, но и за економијата во целина. Пред сѐ се очекуваат побрзи, побезбедни и поевтини прекугранични плаќања во евра. Ова е особено важно за македонската економија којашто се карактеризира со висок степен на трговска отвореност и голем обем на прекугранични плаќања. Оттаму, и потенцијалот за заштеда во трошоците, за подобрување на ликвидноста и за зголемување на конкурентноста на компаниите е голем. Ова може да одигра значајна улога во процесот на натамошна трговска интеграција, забрзан економски раст и намалување на доходовниот јаз со ЕУ“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

 Таа истакна дека клучниот чекор во спроведувањето на оваа реформа беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, кој беше подготвен од страна на Министерството за финансии и предложен на Владата, како и усвојувањето на подзаконските акти од страна на Народната банка.

 „Овој проект е значаен исчекор кон унапредување на условите за работење и живеење во Македонија, со што се прилагодуваат стандардите на нашата земја кон европските. Министерството за финансии и Народната банка ќе продолжат со реформи насочени кон економски развој и подобрување на услугите за граѓаните и бизнисите“, нагласи министерката.

 Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА со што се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќања во евра. Станува збор за регион кој опфаќа 41 земја од Европа.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност