Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски: Институциите покажуваат како се работи, ќе има решение и за високите маржи во трговијата

Јанкуловски: Институциите покажуваат како се работи, ќе има решение и за високите маржи во трговијата

13 февруари 2025, Скопје – Владата и институциите покажаа преку резултати како се работи. Постојат проблеми каде и покрај напорите сепак тлеат, но ќе се преземаат мерки и и ќе има решение и за нив кои ќе бидат објавени во јавноста,ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување на ТВ Телма.

Во врска со мерки за справување со инфлацијата, заменик-министерот рече дека ќе се анализираат констатираните состојби на терен од страна на Државниот пазарен инспекторат, тие информации ќе бидат проследени до Владата да се види каде е проблемот што доведува до такви маржи, а доколку е потребно ќе се направат и измени на Законот за нефер трговски практики.

„За имплементација на Законот за нефер трговски практики потребно е 12 месеци реализација, односно да се види месец за месец како се движеле маржите да се извади пондерирана вредност и ако почнуваме од 01.01 2025 дури на 31.12.2025 ќе знаеме дали бил испочитуван или не бил. Н,о немаме толку време да чекаме и да дозволиме призводители дистрибутерите и маркетите  да ставаат свои маржи„ рече замник министерот.

Тој најави дека работна група веќе е составена која директно ќе ги разгледа сите индикатори и релевантни заклучоици од надзорите и дека ќе има решение.

Јанкуловски во врска со поддршката на компаниите од унгарскиот заем, посочи дека бизнисот заслужува поддршка која се реализира преку буџетот и која е повисока за 30% во однос на претходната година,како и со обебедените поволни средства од унгарскиот заем.

Смета дека тие средства  ќе се искористат од компаниите за да вложат во основни средства, во нови технологии, нови објекти кои ќе ја поттикнат и зајакната економската активност, а со тоа ќе се амортизира и она негативно влијание што би се појавило под притисок на случувањата во германската економија.

Поддршката и на општините останува. Како што посочи за реализација на проектите од првиот повик се веќе префрлини 77 милиони денари, и дека во наредниот четиригодишен период ќе бидат инвестирани 1 милијарда евра во локален развој преку општините.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност