Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски за Блумберг Адриа: Со Фискалната стратегија 2025 – 2029 година значително ќе ја подобриме домашната економија

Јанкуловски за Блумберг Адриа: Со Фискалната стратегија 2025 – 2029 година значително ќе ја подобриме домашната економија

21 октомври 2024, Скопје – Бруто-инвестициите се очекува да имаат главна улога во придвижувањето на економската активност и во нејзино постепено интензивирање на среден рок. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во интервју за Блумберг Адриа.

„Според новата Фискална стратегија 2025 – 2029 година, бруто-инвестициите ќе бидат главен двигател на економскиот раст. Во овој период, се очекува инвестициите да растат со просечна стапка од 7,8%. Притоа двигател на бруто-инвестициите ќе биде високото ниво на предвидени капитални инвестиции во Буџетот, и тоа од 4,7% во просек, наспроти нивото од околу 3% колку што изнесуваше во претходниот период. Особено влијание се очекува од инвестиции во квалитетни инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за зголемување на конкурентноста и развојот на деловните субјекти, а воедно и за привлекување нови странски инвестиции“, рече Јанкуловски.

Потенцира дека Министерството за финансии вложува максимални напори за подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност што ќе се оствари преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи.

Во однос на даночната политика, посочи дека останува политиката на ниски даночни стапки и дека нема да има зголемување на даноците.

„Владата ќе води дисциплинирана фискална политика којашто ќе се заснова на  намалување на сивата економија, неселективна и редовна наплата на средствата во Буџетот и, секако, фискална консолидација. Ако сакаме реални капитални инвестиции, дела во економијата, даночни ослободувања, субвенции и намалување на јавниот долг, оваа Фискална стратегија ќе мора да ја почитуваат сите буџетски корисници“, истакна заменик-министерот.

Тој додаде дека како резултат на постепената фискална консолидација, во 2025 година се очекува јавниот долг да забележи умерен пад.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност