Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“

МФ: Ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“

2 септември 2024, Скопје – Министерството за финансии ја информира јавноста дека техничкиот проблем е отстранет и податоците на порталот „Отворени финансии“ се ажурирани. Поради нестручноста на фирмата којашто го одржува порталот, а воедно и поради недостатокот на ИТ-кадар, системот не бил навремено одржуван, а проблемот започнал да се јавува уште во февруари. Вработените од ИТ-секторот во координација со новиот советник за ИТ-технологии успешно го вратија во функција порталот и ќе продолжат да работат на негово подобрување. Податоците ќе продолжат да се ажурираат согласно утврдената динамика на нивно објавување. На овој портал корисниците можат да пребаруваат информации за реализацијата на Буџетот, и тоа одделно по институции и извршени трансакции. Порталот „Отворени финансии“ претставува алатка за унапредување на транспарентноста и воедно ѝ овозможува на јавноста увид во трошењето на парите на граѓаните од страна на буџетските корисници.

 
 
 
Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност