Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Се работи на отстранување технички проблем, податоците на „Отворени финансии“ ќе бидат ажурирани во најкус можен рок

МФ: Се работи на отстранување технички проблем, податоците на „Отворени финансии“ ќе бидат ажурирани во најкус можен рок

26 август 2024, Скопје – Министерството за финансии ја информира јавноста дека во најкус можен рок ќе бидат ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“.  Имено, надлежниот сектор од Министерството за финансии заедно со економскиот оператор ангажиран за одржување на порталот работат на отстранување на техничкиот проблем којшто оневозможува пристап до податоците коишто се генерираат на порталот.

 

Податоците коишто се објавуваат преку порталот „Отворени финансии“ како алатка за транспареност и понатаму ќе бидат достапни за јавноста. Јавноста ќе може да пребарува информации за реализација на буџетот, одделно по институции  и извршени трансакции.

 

Порталот е промовиран со цел зголемување на транспарентноста на трошењето на буџетските средства. Податоците се ажурираат редовно согласно утврдената динамика на објавување на одделните категории податоци.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност