Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи стабилен раст и доверливи економски политики

МФ: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи стабилен раст и доверливи економски политики

20 септември 2025, Скопје - Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на нивото „BB+“ со стабилен изглед.

Оваа оценка е потврда за стабилноста на економските политики и сигнал за доверба во макроекономските перспективи на земјата.

Во својот извештај, „Фич“ нагласува дека кредибилните и доследни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и подобрите показатели за управување во однос на земјите со слична оценка остануваат клучни фактори што ја поддржуваат стабилноста.

Во првата половина од 2025 година, реалниот БДП порасна за 3,2%, поддржан од силна приватна потрошувачка и зголемен извоз.

Економските изгледи за следниот период се позитивни.

„Фич“ очекува економијата да оствари раст од 3,2% за целата 2025 година и просечно 3,4% во периодот 2026 2027 година, што е над потенцијалниот долгогодишен раст од околу 3%.

Растот ќе го поттикнат и големите инфраструктурни проекти кои ќе создадат нови можности за инвестиции и поврзување на економијата со европските пазари.

Посветеноста кон процесот на евроинтеграции е дополнително препознаена како сидро за спроведување структурни реформи и зајакнување на институциите.

Воедно се очекува умерено намалување на странските директни инвестиции, по рекордните 7% од БДП во 2024 година, кое главно се должи на недостигот на работна сила и глобалната неизвесност во автомобилската индустрија.

Според Фич ограничувачки фактори за економскиот развој се негативните демографски трендови и нискиот раст на продуктивноста, кои претставуваат структурни предизвици на среден рок.

„Фич“ ја нотира одложената имплементација на Законот за буџети поради  инвестициските активности и очекува постепено намалување на буџетскиот дефицит и стабилизирање на јавниот долг на ниво значително под прагот од 60% од БДП на среден рок.

Потврдата на кредитниот рејтинг на „BB+“ со стабилен изглед е значаен сигнал до меѓународните финансиски пазари и инвеститорите дека РС Македонија успешно ја зачувува економската стабилност во услови на глобални предизвици.

Оваа одлука е дополнителна потврда за кредибилноста на економските политики и претставува охрабрување за продолжување на реформите, за јакнење на фискалната дисциплина и за подобрување на конкурентноста на економијата, со крајна цел обезбедување повисок животен стандард за граѓаните и нови можности за развој.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност