Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните компании

МФ: Исплатена нова транша  кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните компании

13 август 2025, Скопје - Министерството за финансии исплати нова, петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства коишто се наменети за поддршка на домашните компании.

Средствата се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки.

Во Буџетот за 2025 година се проектирани вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на домашната економија и домашните компании. Досега се префрлени пет транши во вкупен износ 171,1 милион евра. Средствата за поддршка на домашната економија беа обезбедени преку заем од Унгарската експорт-импорт банка со цел да се пласираат по поволни услови. Тие се наменети за реализација на инвестиции во приватниот сектор. Искористеноста на оваа кредитна линија од страна на домашните компании во моментов изнесува 68%.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност