Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Кисела Вода, Центар и Могила ќе ја подобруваат енергетската ефикасност со грант средства и подзаем преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор

МФ: Кисела Вода, Центар и Могила ќе ја подобруваат енергетската ефикасност со грант средства и подзаем преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор

8 август 2025, Скопје – Oпштините Кисела ВодаЦентар и Могила со средства од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, којшто се реализира преку Проектната единица во Министерството за финансии, ќе имплементираат мерки за енергетска ефикасност и модернизација на јавни објекти, што ќе придонесе за намалување на потрошувачката на електрична енергија, како и намалување на емисиите на штетни гасови.

Договорите за подзаем и грант помеѓу општините и Министерството за финансии во рамки на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор ги потпишаа градоначалниците на овие локални самоуправи и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со Општина Кисела Вода беше потпишан Договорот за подзаем и грант за имплементација на потпроектот во Општина Кисела Вода, со кој ќе се изврши реконструкција и спроведување мерки за енергетска ефикасност во ПОУ „Рајко Жинзифов“, односно ќе се изврши реконструкција на ООУ „Рајко Жинзифов“ со фокус на енергетската ефикасност.

Во Општина Центар, со Договорот за подзаем и грант ќе се спроведе енергетски ефикасна реконструкција на објектот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, првото основно училиште во Македонија, формирано во 1836 година.

Во oпштина Могила Договорот за подзаем и грант опфаќа спроведување мерки за енергетска ефикасност во три објекти од јавниот сектор, односно ООУ „Браќа Миладиновци“ - село Добрушево, ООУ „Кочо Рацин“ - село Ивањевци и спортската сала „Иљо Лопатички“ во Могила.

Реализацијата на проектите во овие општини е во рамки на првата компонента од Проектот, којашто опфаќа енергетски ефикасни инвестиции во општините, за која се обезбедени 8,2 милиона евра. Покрај ова, во оваа компонента се предвидени и енергетски ефикасни инвестиции во објекти на централната власт во износ од 9,21 милион евра.

Целта на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор е намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетската ефикасност во јавниот сектор.

 

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност