Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за финансии меѓу институциите со многу високо ниво на активна транспарентност

Министерство за финансии Министерство за финансии

28 септември 2026, Скопје - Министерството за финансии меѓу осумте институции со многу високо ниво на активна транспарентност (над 90%) на листата на објавениот Индекс на активна транспарентност 2026 на Центарот за граѓански комуникации и ја подобри својата позиција во споредба со минатогодишното за едно место погоре или за 1,7%.

Со 94% активна танспарентност Министерството за финансии се најде на 4-тата позиција на Рангирањето на министерствата и Владата според активната транспарентност и на 21-то место на Вкупното рангирање според Индексот на активна транспарентност 2026 коешто ги опфаќа министерствата,  Владата и општините.

Транспарентноста во работењето на Министерството за финансии е еден од главните постулати на кои го заснова своето работење. Како одговорна институција за менаџирање и управување со парите на граѓаните транспареноста и отчетноста се клучен фактор во работењето на Министерството за финансии и градењето одговорна и институција со интегритет.

Вкупната просечна активна транспарентност на министерствата,  Владата и на општините за 2026 година изнесува 82 % од максимално можни 100 %, што е за два поена повеќе во однос на минатата година кога изнесуваше 80 %, додека активната транспарентност само на министерствата и Владата изнесува 86 % што е подобрување за два процентни поена во однос на ланските 84 %.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност