Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обука за правните аспекти за концептот на нетирање и модалитети за спроведување во практика

Обука за правните аспекти за концептот на нетирање и модалитети за спроведување во практика

16 јули 2024, Скопје – Во просториите на Министерството за финансии се одржа обука на тема „Правни аспекти за концептот на нетирање (close out netting) и модалитети за негово спроведување во практика“, којашто е во рамки на проектот „Развој на правна и регулаторна рамка за деривативи и репо“. Овој проект е поддржан од Европската банка за обнова и развој, а Министерството за финансии е директен корисник на техничката помош.

 

Официјалниот почеток на проектот беше одбележан во мај 2024 година со заедничка средба на експертите ангажирани од ЕБОР и претставници на засегнатите страни: Министерството за финансии како директен корисник на техничката помош, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и Министерството за правда. Од страна на Европската банка за обнова и развој како правни консултанти се ангажирани Адвокатската канцеларија Лазаров од Скопје и Адвокатско друштво Цветкова Бебов и партнери, член на Евершедс Сатерленд (Eversheds Sutherland) од Софија. Времетраење на проектот е 18 месеци.

 

Целта на проектот е креирање на законско решение и соодветни измени во постојната законска регулатива во областа на пазарот на капитал, стечајот и деривативите и репо-договорите, со фокус на пребивањето (close-out netting), со цел да се добие позитивно правно мислење од страна на ИСДА Лондон (ISDA – International Swaps and Derivatives Association ) во делот на склучувањето репо-договори. Ова особено ќе им помогне на домашните банки при склучување репо-договори во странство, односно позитивно даденото правно мислење од страна на ИСДА, ќе значи обезбедена сигурност и понизок ризик за домашните банки при склучување на репо-договорите во странство.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност