Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Димитриеска-Кочоска – Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план

Средба Димитриеска-Кочоска – Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план

5 јули 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која соговорниците се осврнаа на реформите што ѝ претстојат на нашата земја во нејзиниот евроинтеграциски процес.

 

На средбата беа разменети мислења за активностите што ги презема Министерството за финансии како институција којашто е координатор на Економско-финансискиот дијалог со ЕУ кој произлегува од Програмата на економски реформи. Исто така Министерството за финансии учествува и во подготовка на Реформската агенда на земјата поврзана со новиот План за раст на Западен Балкан.

 

„Министерството за финансии ги координира активностите во рамки на Економско- финансискиот дијалог веќе 10 години и во тој процес има континуитет. Тоа искуство ќе се искористи и во рамки на реформскиот процес поврзан со Планот за раст на Западен Балкан“, рече министерката.

 

Таа изрази уверување дека реформите што се поврзани со Министерството за финансии во рамки на евроинтеграциите ќе бидат во фокусот на
работата, бидејќи тие значат и унапредување на процесите и приближување на земјата до стандардите на ЕУ.

 

Како што беше посочено, ЕУ е значаен поддржувач на земјата од нејзината независност и таа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност