Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работна средба на Димитриеска-Кочоска со Петрова и Николовски – Eфикасноста во прибирање на приходите во фокусот на работењето на УЈП и Царината

Работна средба на Димитриеска-Кочоска со Петрова и Николовски – Eфикасноста во прибирање на приходите во фокусот на работењето на УЈП и Царината

2 јули 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со новоназначените директори на Управата за јавни приходи Елена Петрова и на Царинската управа Бобан Николовски.

 

„Ова е прва средба што ја одржуваме со првите луѓе на УЈП и Царината како клучни институции во прибирање на приходите во Буџетот. Ги поставуваме основите на работа и начинот на меѓусебна соработка со цел ефикасно прибирање на приходите и ефикасно управување со парите на граѓаните“, рече министерката за финансии.

 

На средбата заеднички е констатирано дека најзначaјно е подигнување на институционалните капацитети, вложување во човечкиот капитал и дигитализација на процесите. На таков начин ќе се постигне ефикасност во работењето, испорачување на квалитетни услуги кон граѓаните и бизнисот и повисоки стапки на економски раст.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност